
Црешите се овошје кое се карактеризира со многу ниска калорична вредност, но од друга страна изоболува со витамини, минерали и хранливи материи, како и голема количина на вода и шеќер. Од витамините најзастапен е витаминот Б комплекс, витаминот Ц и бета каротинот додека од минералите присутен е калиумот, како и бакарот, железото и магнезиумот. Ова овошје има изразено освежувачко, диуретичко, антиреуматско и смирувачко дејство, но исто така помага во чистење на организмот од разни токсини, го зајакнува имунитетот и делува анти-инфективно. Црешите се извор и на органски јод, елемент кој е неопходен за совршено функционирање на тироидната жлезда. Црешите се и извонредни антиоксиданти и го забавуваат и процесот на стареење благодарение на антоцијанините и стабилниот антиоксиданс мелатонин кој има моќ да го смири нервниот систем, и да ги олесни симптомите на невроза, несоница и мигрена.