
Грозјето е познато како еликсир на младоста, а тоа се должи на присуството на 20 значајни антиоксиданти, кои имаат и силно дејство против воспаленија, вируси и бактерии. Покрај тоа што е вкусно и освежително, грозјето уште одамна се користи во многу случаи и како природен лек – помага во чистење на крвта, го регулира варењето на храната, но помага и во лекувањето на воспаленијата на органите за варење, помага во отстранување на масните наслаги од телото, ги ублажува симптомите на реума, а има позитивно дејство и кај кожните алергии. Од витамините грозјето изобилува со витамин А, Б1, Б2 и Ц, а исто така е и важен извор на биофлавониди кои придонесуваат за антиканцерогеното дејство на ова овошје.