Совршената комбинација од витамин Ц, витамин Е и витамин Б6, вклучувајќи и други витамини го даваат совршениот сооднос, правејќи од ова вкусно овошје вистинска мултивитаминска бомба. Покрај витамините плодот на сливата содржи 84% вода, 0,6 % белковини, 10% јагленихидрати и 2,1 грам растителни влакна, како и железо, етерични масла, калиум, магнезиум, калциум, минерални соли, органиски киселини, феноли, целулоза и шеќер. Благодарение на пектинот, сливата е одлично овошје за регулација на варењето, но во народната медицина се користи и за многу други работи. Ова овошје е одличен диуретик, помага во чистењето на организмот, помага при зголемено ниво на холестерол во крвта како и кај болести на срцето и крвните садови, регулира проблеми со бубрезите и мочните патишта, го подобрува имунитетот, ги смирува нервите, помага при стрес, депресија и губење на помнењето, ја подобрува состојбата на кожата, има ефект кај астма, анемија, бронхитис, грипови и настинки, ревматски заблувања, целулит, па дури и некои видови на рак.