Поради високата количина на вода и минерални соли, кајсијата е одличен диуреток, целулозата која ја содржи помага при варењето и работата на цревата, а исто така ја подобрува и циркулацијата на крвта до органите. Кајсијата содржи биоактивни материи кои го подобруваат видот и слухот кај постарите лица, го забрзуваат растот кај децата, и ја зголемуваат кондицијата и издржливоста при физичка и умствена работа, забавуваат склероза и астма, а исто така и ја штитат работата на простатата. Има позитивно дејство за анемија, болести на срцето и крвните садови, нервоза и пад на имунитет, реуматски проблеми и проблеми во бременоста, а делуваат одлично и при проблематична кожа кај млади, акни и изгореници, а во некои случаи покажува и антиканцерогени својства. Портокаловата боја доаѓа од големото количество на бета-каротин, а покрај тоа содржи витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и фолна киселина, како и калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк и бакар, од минералите.



 

   
Фрутема дооeл
улица: Александар Мартулков бр. 33
1060, Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 70 21 65 69

електонска пошта:info@frutema.mk